Новости
четврток, 05 декември 2013 16:08
Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за Европски прашања Д-р Фатмир Бесими, денес престојува на еднодневна посета на Република Словенија.
За време на посетата вицепремиерот Бесими се сретна со Заменик Претседателот на Владата на Република Словенија и Министер за Надворешни Работи г-дин Карл Ерјавец, со државниот секретар во Словенечкото Министерство за Надворешни Работи г-дин Игор Сенчар како и со претставници на Комитетот за Е ропски Прашања во Собранието на Република Словенија.
На средбата со со Заменик Претседателот на Владата на Република Словенија и Министер за Надворешни Работи г-дин Карл Ерјавец се разговараше за искуството на Словенија во нејзиното пристапување во Европска Унија и можностите како тоа искуство може да се пренесе на Република Македонија.
Заменик Претседателот Бесими информираше за активностите и напорите на Македонија за исполнувањето на потребните реформи и исполнување на препораките од Извештајот на Европската Комисија пред Декемврискиот Самит на Советот.