Новости
среда, 13 март 2013 18:01
Денес Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, ја отвори презентацијата на ИПА 2 Упатство за Секторско Програмирање, која се одржа во Владата на Република Македонија со претставници на сите Државни Институции на РМ, во рамки на неколку дневната посета на тимот на Европската Унија на Република Македонија за подготовка за ИПА 2 (2014-2020).
Вицепремиерот Бесими на презентацијата нагласи дека во изминатиот период сме ставени под предизвик – да поставиме цврста основа за имплементација на ИПА 2, со цел да се обезбеди ефективно и ефикасно користење на средствата во следниот 7 годишен период.
На крај заменик Претседателот Бесими ги поттикна присутните да ја искористат оваа прилика и присуството на претставниците на Европската Комисија за преку дискусија и дијалог да дојдат до разбирање на новата ИПА и сите идеи позади неа.
Во рамки на неколкудневната посета на тимот на Европската Унија во Република Македонија, вчера (11.03.2013) Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими оствари средба со Дејвид Кулен, одговорен за Република Македонија во Генералниот директорат за проширување на Европската комисија и Николас Нахтигал Мартен ИПА координатор за земјата во Генералниот директорат за проширување.
На средбата се разговараше за процесот на евро-интеграција на Република Македонија а фокус се стави на искористувањето на фондовите од Инструментот за пред пристапна поддршка (ИПА) за наредниот програмски период 2014-2020 година.
Заменик претседателот Бесими истакна дека пристапувањето во ЕУ останува врвен стратешки приоритет на Владата на Република Македонија, на кој ќе се работи со максимална посветеност, со цел преку дијалог да се надминат сите предизвици со кои се соочуваме во реформскиот процес.
Во однос на активностите кои се преземени за програмирањето на фондовите од ИПА 2, Бесими информираше дека се формирани работни групи со претставници од надлежните државни институции кои работат на идентификување на проектите за кои ќе се користат овие средства.
На крај вицепремиерот Бесими се заблагодари за поддршката која земјата ја добива од Европската Унија во процесот на планирање и имплементација на проектите кои се поддржани преку фондовите на ИПА. Воедно тој ја потенцира значењето за Република Македонија во овој период да се покаже напредок кон започнувањето на преговорите со Европска Унија и потребата сите релевантни фактори во државата да придонесат кон овој процес.