Новости
среда, 27 ноември 2013 17:15
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, г-дин Фатмир Бесими, денеска оствари работна средба со директорот на Европската енергетска заедница, г-дин Јонас Копак, кој со делегација е на регионална посета на земјите потписнички на Договорот за основање на Енергетската заедница.
Тема на состанокот беа обврските кои Република Македонија ги има превземено со потпишувањето на Договорот за основање на Енергетската заедница.
На состанокот соговорниците разменија мислења во однос на имплементацијата на Вториот Енергетски пакет на Европската унија, како и плановите за транспонирање на Третиот Енергетски пакет во насока на приближување на националното законодавство со законодавството на Европската унија.
Заменик Претседателот Бесими се заложи за понатамошно унапредување на соработката со Енергетската заедница и исполнување на преостанатите обврски кои произлегуваат од членството на Република Македонија во оваа организација.