Новости
понеделник, 25 ноември 2013 13:25
Денес, Заменик Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања д-р Фатмир се сретна со новиот постојан координатор на Обединети нации и Постојан претставник на УНДП во Република Македонија, г-ѓа Луиза Винтон.
Заменик претседателот Бесими и честита на г-ѓа Винтон и и посака успех во новата функција.
На средбата се разговараше за иницијативите на Секретаријатот за Европски Прашања како и за активностите кои се спроведуваат во рамки на Европската агенда како и за ИПА координативните состаноци во врска со ИПА 2007-2013 како и за новиот програмски период за ИПА 2014 - 2020.
Г-ѓа Винтон информираше за областите каде Обединетите нации и УНДП соработуваат со Република Македонија, и кусо информираше за нејзините приоритети за време на нејзиниот мандат.
На крајот на средбата соговорниците се договорија за понатамошна меѓусебна координација и остварување работни состаноци за постигнување на заеднички цели во области како вработување, животна средина, млади и други области на заеднички интерес.
Заменик Претседателот Бесими денес се обрати и на осмата конференција на Парламентарни комисии за Европски Прашања на државите опфатени со процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа – КОСАП, која се одржа во Собранието на Република Македонија.