Новости
среда, 20 ноември 2013 15:04
Денес, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Бесими, во рамки на веќе воспоставената редовна комуникација со граѓанските организации, оствари работна средба чиј фокус беше ставен на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2013 година, како и следните чекори кои ги превзема Секретаријатот за европски прашања во насока на дефинирање на Акциски план и подготовка на Национална програма за усвојување на правото на Европската унија – НПАА за 2014 година.
Во дискусијата тој истакна „Процесот на европска интеграција е инклузивен процес, бара вклученост од сите страни кои можат да придонесат во насока на зајакнување на јавната визибилност и да влијаат поттикнувачки на процесот. Имањето на отворен, транспарентен и инклузивен пристап може само да ни помогне во нашата крајна цел што поскоро зачленување во Европската унија“.
Граѓанскиот сектор има многу битна улога во градењето на развиена демократска држава, одтука Секртаријат за европски прашања Ви стои на располагање во поглед на сите идеи, предлози кои ги имате со кои можете да дадете свој придонес во процесот на европска интеграција – истакна тој.
Во рамки на средбата беа иницирани бројни позитивни и негативни критики и идеи, од кои во иднина би можело да произлезат конкретни чекори.
На крајот беше истакната надежта за продолжување на досегашната соработка како и можноста која Секретаријатот за европски прашања им ја дава на граѓанските организации во поглед на бесплатно користење на „Конференциската сала“ на институцијата за организирање на Конференции и Дебати од јавен интерес.