Новости
петок, 01 ноември 2013 10:55
Заменик Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, д-р Фатмир Бесими денес оствари работна средба со пратеник на Европскиот парламент г-ѓа Дорис Пак, која престојува во Република Македонија на покана на Фондацијата Конрад Аденауер.
На средбата се разговараше за заложбите на Република Македонија за поскорешно заокружување на реформите и интеграцијата на земјата кон евро-атлантските структури, за што беше потврдена поддршката за Македонија од Република Германија но и од Фондацијата Конрад Аденауер.
Темите за кои се разговараше беа реформите во Република Македонија, добрососедските односи како и меѓуетничките односи за кои што Пак истакна дека промовирањето на европските вредности ќе ја донесат Европа во Македонија.
Вицепремиерот Бесими нагласи дека Република Македонија, препораката на ЕК за започнување на преговори ја прими како знак дека Македонија останува во агендата за проширување на Европската Унија, и информираше дека сега претстојат заложбите за исполнување на препораките кои произлегуваат од Извештајот на ЕК.