Стипендии
Стипендии за постдипломски студии од областа на ЕУ на универзитетите во Република Македонија за државни службеници за учебната 2011-2012 година
Владата на Република Македонија преку Секретаријатот за европски прашања прва година доделува стипендии за постдипломски студии од областа нa ЕУ, односно европско право, економија, политиките на ЕУ и/или мултидисциплинарни студии за Европската унија/европска интеграција на универзитетите во Република Македонија. Оваа активност се спроведува со цел да се даде поддршка на сите државни службеници и вработени во министерствата и други органи на управата, а кои немаат обезбедени финансиски средства за покривање на студиите по друга основа.
Секретаријатот за европски прашања оваа година распиша конкурс за доделување стипендии за постдипломски студии во областа на Европската унија на универзитетите во Република Македонија за државни службеници. Конкурсот е објавен во јавните гласила Дневник и Коха на 05.12.2011 година.
Кои и какви студии се поддржуваат и зошто?
Стипендиите за постдипломски студии од областа на ЕУ се доделуваат на државни службеници на Република Македонија на универзитетите во Република Македонија. Постдиплоски студии за ЕУ, односно нивните програми, се во врска со историјата, институциите, правото, економијата и политикитите на ЕУ, на универзитетите во Република Македонија за државни службеници. Целат ана оваа конректна активност е градењето и јакнење на професионални вештини на што поголем број државни службеници.
Кој може да се пријави?
Стипендиите се наменети за државни службеници во македонската администрација - кандидати за студии, кои се запишана на прва година на постдипломски студии од облста на ЕУ на високообразовни институции во Република Македонија со соодветна програма на постдипломски студии во областа на ЕУ (нејзините политики, историјат, институции, право и економија).
УСЛОВИ ЗА ДОБИВАЊЕ СТИПЕНДИЈА
Подолу на страницата е прикачен преглед на акредитирани високообразовни институции во Република Македонија коишто нудат постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ. Овој преглед е индикативен список - само насока во вашиот избор на универзитет, односно избор на постдипломскистудии.
Преглед на студии за ЕУ на акредитирани високообразовни установи во Република Македонија