Стипендии
среда, 22 август 2018 14:15
К О Н К У Р С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА АКАДЕМСКИ УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС
„ГАБРИЕЛА КОНЕВСКА ТРАЈКОВСКА“ ОД ОБЛАСТА НА ПРАВОТО, ЕКОНОМИЈАТА И ПОЛИТИКИТЕ
НА ЕУ ВО СТРАНСТВО ЗА АКАДЕМСКАТА 2018/2019 ГОДИНА
Секретаријатот за европски прашања и
во 2018 година ја реализираат активноста: доделување
стипендии за академски универзитетски студии од втор циклус од областа на
правото, економијата и политиките на ЕУ во странство. Целта на обезбедување на
финансиски средства за испраќање на кадри на доспецијализација од областа на ЕУ
е градење и јакнење на професионални вештини на државните службеници ангажирани
на процесот на приближување и идно приклучување кон ЕУ.
Кој може да се пријави?
Конкурсот е отворен за административни
државни службеници на Република
Македонија.
Стипендиите „Габриела Коневска
Трајковска“ се наменети за кандидати за стипендии кои веќе се запишани на
високообразовни институции во странство со соодветна програма на академски
универзитетски студии од втор циклус од областа на правото, економијата и
политиките на ЕУ во странство.
Овој конкурс се однесува на
академски универзитетски студии од втор циклус од областа на правото,
економијата и политиките на ЕУ во странство, при што предност ќе се даде на
кандидатите:
Условите за конкурирање во целост се наведени во
објавениот конкурс.
Поднесување
на апликација за стипендија
КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА АКАДЕМСКИ УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС „ГАБРИЕЛА КОНЕВСКА ТРАЈКОВСКА“
ОД ОБЛАСТА НА ПРАВОТО, ЕКОНОМИЈАТА И ПОЛИТИКИТЕ НА ЕУ ВО СТРАНСТВО ЗА
АКАДЕМСКАТА 2018/2019 ГОДИНА |
|
Конкурс објавен во „Нова
Македонија“ |
|
Образец за аплицирање |
|
CV (EU format) |
Конкурсот за доделување
стипендии „Габриела Коневска Трајковска“ е објавен на 23.08.2018 г. во двете најтиражни јавни гласила, весникот „Нова
Македонија“ и весникот „Коха“, на
интернет-страницата на Секретаријатот за европски прашања http://www.sep.gov.mk/content/?ID=2330#.W4BfLs4zaUk ,, како и на
националниот телевизиски сервис.
Конкурсот трае до 06.09.2018 г., до 23:59 часот.
.На 30.08.2018 година (четврток), во 10:00 часот, во просториите на СЕП, на Кеј
Димитар Влахов бр. 4, Скопје (поранешна зграда на Комерцијална банка) ќе се
одржи информативен ден, кога ќе може да се добијат подетални
информации за стипендиите.
Во периодот на времетраењето на
конкурсот заинтересираните кандидати можат да се пријават за оваа стипендија со
поднесување на потребната документација по електронски пат на следнава
е-адреса: stipendii@sep.gov.mk или по пошта
на следната адреса и назнака:
Секретаријат
за европски прашања
(оглас за доделување стипендии „Габриела Коневска Трајковска“)
Кеј Димитар Влахов бр. 4 1000 Скопје
или лично да ги предадат во затворен
плик во Архивата на Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република
Македонија.
Што потоа?
Евалуацијата на пристигнатите
апликации ја врши посебно формирана Комисија. По првата селекција, кандидатите
кои ги исполнуваат административните услови ќе бидат повикани на интервју. По
спроведеното рангирање на кандидатите, се врши избор.
За извршениот избор на кандидати се
известуваат сите кандидати кои се пријавиле на конкурсот во рок од осум дена од
денот на извршениот избор.
Давателот на стипендијата се
обврзува да ги покрие трошоците во висина од најмногу 20.000,00 евра. Трошоците
кои го надминуваат наведениот износ ќе бидат на товар на корисникот на стипендијата.
Средствата се доделуваат за обезбедување на трошоците за запишување, сместување, исхрана и патни трошоци до дестинацијата
на студирање и назад.
Избраните кандидати потпишуваат договор со Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија. Избраните кандидати се обврзуваат да бидат работно ангажирани во органите на државната управа во период од 3 години од завршувањето на академски универзитетски студии од втор циклус.