Стипендии
Кандидатите за доделување на стипендија за постдипломски студии треба да ги исполнуваат следниве услови:
-да се државјани на Република Македонија; -да потврдат дека започнале постапка за запишување на постдипломски студии кои траат најмногу една академска година (до 12 месеци, односно најмногу 25 месеци за студенти во Република Германија) на високообразовна институција во странство со соодветната програма на постдипломските студии, и тоа во областите: европското право, економија, политките на ЕУ и/или мултидисциплинарни студии за ЕУ/ЕИ; предност ќе имаат кандидатите коишто се запишани на специјализирани студии (како што се на пример, политика на конкуренција, информатичко општество, внатрешен пазар, заедничка земјоделска политика, индустриска политика, регионална политика на ЕУ, интелектуална сопственост, заштита на потрошувачи, како и други конкретни и специјализирани аспекти на законодавството и политиките на ЕУ);
-да поседуваат универзитетска диплома за завршено соодветно високо образование со висок просек од оценките на студиите; (најмалку 8,00 воедно, на овој конкурс можат да се пријават и студенти пред завршување на своите додипломски студии, под услов да успеат да ги завршат истите до јуни 2008 година)
-одлично да го владеат англискиот јазик (познавањето на други јазици од земјите-членки на ЕУ се смета предност).
Нема да бидат разгледувани апликациите на кандидатие кои:
-веќе се во тек на студирање на постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ во странство;
-се пред завршување на постдипломски студии или штотуку ги завршиле своите постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ во странство (нема можност за ретроактивна исплата);
-веќе завршиле едни постдипломски студии и бараат стипендија за втори постдипломски студии;
-започнале постапка за запишување или се запишале на постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ во странство, кои траат повеќе од 12 месеци, односно повеќе од 25 месеци на студии во Република Германија.
Напомнуваме дека:
- кандидатите кои се запишани на студии со школарина повисока од 20.000 евра, ќе кофинансираат за износот што е над 20.000 евра;
- избраните кандидати се обврзуваат да работат во државната администрација во период од најмалку 3 (три) години по завршувањето на постдипломските студии.
На конкурсот се поттикнуваат да се пријават лица коишто веќе се вработени во државната администрација, со обврска задолжително да останат најмалку 3 (три) години во понатамошен работен однос во администрацијата.
Кои се потребните документи? или,
Што треба да содржи апликацијата?
- пополнет образец за пријавување на конкурсот за доделување на стипендии за постдипломски студии од областа на ЕУ;
- биографија на македонски и на англиски јазик (ЕУ-формат);
- линк до програмата на постдипломските студии – доколку нема линк или пак програмата не е опишана на Интернет, список на предметите од кои се состои програмата;
- писмо со коешто се образложуваат мотивите за конкурирање, на македонски и на англиски јазик;
- потврда/комуникација за прием на документите.
Поднесување на апликација за стипендија
Конкурсот за доделување стипендии е објавен во јавните гласила и на интернет-страницата на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk/stipendii во текот на месец април-мaj 2008 година. Кандидатите за стипендија пријавите со потребната документација можат да ги достават по електронски пат на следнава е-адреса stipendii@sep.gov.mk или по пошта на следната адреса и назнака:
Влада на Република Македонија
Секретаријат за европски прашања
(стипендии за постдипломски ЕУ/ЕИ студии)
бул. „Илинден” бб 1000 Скопје
Или лично да ги предадат во затворен плик во Архивата на Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија.
Што потоа?
По извршената селекција од пристигнатите апликации/молби за добивање стипендија за поддршка на постдипломските студии за ЕУ/ЕИ, избраните кандидати потпишуваат договор со Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија со кои ќе се обврзат да работат во државната администрација во период од најмалку три години, по нивното завршување на постдипломските студии.