Програми на Унијата
Програмата за вработување и социјална солидарност – ПРОГРЕС претставува замена на постојните програми на Заедницата од областа на вработување, социјална вклученост и заштита, работни односи, родова еднаквост и недискриминација кои завршија во 2006 година. Програмата е отворена за организации што се активни во борбата против дискриминацијата, што промовираат родова еднаквост и интегрирање на лицата со посебни потреби во општеството. Со Програмата е предвидена финансиска поддршка наменета за развивање на социјален дијалог, слободно движење на работници и истражувања во областа на социјалата.
Национална партнерска институција одговорна за спроведување и координирање на активностите поврзани со Програмата е Министерството за труд и социјална политика.
Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање за Програмата за вработување и социјална солидарност – ПРОГРЕС од страна на министерот за труд и социјална политика Љупчо Мешков и комесарот за вработување, социјални работи и еднакви можности, г-от Владимир Шпидла се отстранети сите пречки за полноправно учество на Република Македонија во оваа програма.