Спогодба за стабилизација и асоцијација
Спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европските заедници и нивните земји-членки (ССА) е постојната правна рамка која ги регулира односите на Република Македонија со Европската унија.
Република Македонија е првата земја која потпиша ССА и првата земја во која ССА стапи во сила. ССА беше потпишана на 9 април 2001 година во Луксембург и по нејзината ратификација од сите потписници, стапи во сила на 1 април 2004 година. Но, иако ССА стапи во сила во 2004 година, деловите од ССА кои ги регулираат трговијата и трговските прашања стапија во сила на 1 јуни 2001 година со посебната Времена спогодба за трговија и трговски прашања меѓу Република Македонија и Европската заедница.
ССА овозможува рамка за политички дијалог и ја зајакнува регионалната соработка, го унапредува проширувањето на пазарите и економските односи помеѓу страните и ги воспоставува основите за техничката и финансиската помош. Таа е составена од следните 10 глави: Општи начела; Политички дијалог; Регионална соработка; Слободно движење на стоки; Движење на работници; Основање; Давање услуги; Капитал; Приближување на законодавството и спроведување на законите; Правда и внатрешни работи; Политика на соработка; Финансиска соработка и Институционални, општи и завршни одредби.
Институционалната рамка на ССА овозможува механизам за спроведување, управување и следење на односите во сите области опфатени со ССА. По влегување во сила на ССА се воспоставени повеќе тела. (повеќе)
Македонската верзија на Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Република Македонија се наоѓа на следниов линк: тука
Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и Европските заедници и нивните земји-членки и составните протоколи кон неа (линк)