Денеска заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими оствари официјална средба со претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Жан Клод Мињон и Роберт Волтер известител на мониторинг комисија на парламентарното собрание на Советот на Европа за постмониторинг дијалог со Република Македонија
На средбата се дискутираше за напредокот на Република Македонија во процесот на европска интеграција, при што вицепремеирот Бесими се осврна на прогресот остварен во спроведувањето на активностите од европската агенда. Во таа насока, Бесими истакна дека Пристапниот дијалог овозможи де се добие нова динамика во остварувањето на реформите во петте клучни области и дека постигнатиот напредок беше соодветно нотиран во пролетниот Извештај на Европската комисија.
Воедно, вицепремиерот се осврна на активностите преземени за адресирање на приоритетите од Пристапниот дијалог на високо ниво, особено во делот на слободата на изразување, изборната реформа, реформата на јавната администрација и судството, унапредувањето на меѓуетничките односи како и мерките за задржување на економската стабилност, намалување на невработеноста и вработувањето на младите. Во тој контекст, Бесими го подвлече значајниот придонес на експертите на Советот на Европа при подготовката на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета како и во процесот на подготовка на Нацрт-законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги кој што е во тек.
Ние и понатаму остануваме посветени на исполнувањето на преземените обврски во евроинтегративниот процес и очекуваме Европскиот совет соодветно да го утврди напредокот нотиран во пролетниот Извештај на Европската комисија и во Резолуцијата за напредокот на Република Македонија усвоена од страна на Европскиот Парламент на 23 мај 2013 година“ рече Бесими.
На крај преставниците на парламентарното собрание на Советот на Европа заедно со Бесими го поздравија формирањето на анкетна комисија и успешно очекуваат периодов да си ја врши својата должност.