Јавни повици
среда, 09 април 2025 12:04
Програмата ИНТЕРЕГ ИПА АДРИОН го најавува претстојниот втор повик за предлози, кој ќе биде отворен од 15 април до 30 јуни 2025 год.
Приоритетна оска 1: Поддршка на попаметен Јадранско-јонски регион
Специфична цел 1.1: Зајакнување на капацитетите за иновации
· Развивање на транснационални стратегии за паметна специјализација во главните области на специјализација на Јадранско-јонското подрачје, особено во следните главни сектори: здравје и квалитет на живот, земјоделско, храна и безбедна исхрана, одржлив туризам и креативна економија.
· Промовирање и воспоставување шеми за управување на повеќе нивоа за да се олеснат моделите за транснационална соработка за справување со предизвиците во заеднички области на специјализација.
· Прифаќање, надградба и тестирање на напредни технологии преку пилот и заеднички акции, политики, алатки, процеси, особено во, но не ограничувајќи се на, главните полиња на интерес на паметната специјализација и социјалните иновации.
· Промовирање и поттикнување на развојот на транснационално дизајнирани иновации (технички и нетехнички иновации, вклучувајќи услуги) преку пилот и заеднички акции кои придонесуваат за соочување со општествените предизвици како што се демографските промени.
· Промовирање на развојот на транснационални партнерства, соработка од кластер до кластер, иновативни мрежи и слични иницијативи.
· Поддршка на намалувањето на дигиталниот јаз преку решавање на одржливиот развој, отпорноста на климатските промени, како и справување со благосостојбата, вклучително и здравјето на младите и постарите лица, болничката и домашната нега и демографските трендови.
· Развивање и примена на е-услуги како што се: е-влада, е-учење или е-маркетинг или дигитални алатки за индустриско и креативно производство.
· Поддршка на развојот на транснационални и макро-регионални кластери во новите сектори како креативни и дигитални индустрии; медицински помагала, како и одржлив туризам.
Приоритетна оска 2: Поддршка на позелен и климатски отпорен Јадранско-јонски регион
Специфична цел 2.1: Подобрување на отпорноста кон климатските промени, природните и вештачките катастрофи
· Развивање, примена и промовирање на транснационални стратегии за прилагодување кон климатските промени, планови и тест решенија со фокус на здравјето на луѓето, зачувување на природното и културното наследство и урбаните области.
· Развивање на транснационални заеднички планови и пилот акции за зајакнување на отпорноста на климатските промени во морските екосистеми во рамките на активностите за поморско просторно планирање; дизајнирање и спроведување на стратегии и акциски планови на локално, регионално и национално ниво за заштита на водните ресурси (управување со дождовница, задржување на водата во реките и езерата, недостиг на вода,
вода за пиење, достапност на вода, земјоделско предвидување, одгледување, индустрија и население).
Специфична цел 2.3: Поддршка за зачувување и заштита на животната средина
· Прибирање на корисни информации и нивна примена за подготовка на материјали со цел зајакнување на синергиите и подобрување на подготвеноста на локалните/регионалните/националните креатори на политики а воспоставување на активности насочени кон подобрување на рамките на политиките, шемите за управување со постојните или во планирани поморски/природни заштитени подрачја.
· Размена на добри практики и тестирање на решенија за одржлив туризам преку партиципативни пристапи и управување на повеќе нивоа.
· Утврдување и тестирање на заеднички акции за обезбедување одржливост на храната и традиционалните земјоделски производи (на пр.: заштита од стари семиња, традиционално одгледување животни итн.) за поддршка на синџирот на исхрана од нула километри, безбедност и квалитет на храната.
· Придонес кон создавање позитивни влијанија врз здравјето на Јадранско-јонското население преку утврдување на добри практики и спроведување на пилот акции насочени кон намалување на загадувањето на воздухот, водата и почвата.
· Дефинирање на заеднички активности за подобрување на зачувувањето на почвата и водата преку обезбедување на собирање податоци и нивна јавна достапност (на пр.: хранење на мрежите на ЕУ како Data Network – EMODnet, просторни податоци за земјоделството).
Приоритетна оска 3: Поддршка на јаглеродно неутрален и подобро поврзан Јадранско-јонски регион
Специфична цел 3.1: Зајакнување на јаглеродно неутрален паметен систем за мобилност
· Развивање и тестирање на иновативни алатки/решенија за планирање кои ја предвидуваат идната побарувачка за јавен превоз со оглед на влијанието предизвикано од тековните социо-демографски промени и сегашната пандемиска ситуација врз интермодалната национална, регионална и локална мобилност.
· Спроведување на транснационални интегрирани акциони планови за поддршка на развојот на железничко-морскиот транспорт наменет како интермодален и мултимодален транспорт.
· Мапирање на инфраструктурните, технолошките, законодавните празнини и бариери за товарниот промет, вклучувајќи ги правните и административните разлики кои ја попречуваат ефикасноста на непречениот транснационален транспорт, со цел да се создаде заедничка рамка за транснационална транспортна политика.
· Подобрување на пристапноста во Јадранско-јонскиот регион, со фокус на периферните области, до мрежата ТЕН-Т преку спроведување на акциски планови, справување со тесните грла кои го попречуваат растот на транспортниот сектор и економскиот развој.
Каде да ги добиете потребните информации
Пакетот за аплицирање и дополнителните информации ќе бидат достапни наскоро на: www.interreg-ipa-adrion.eu
Претстојни настани за апликантите
Првиот настан за поддршка за вториот повик во организација на Заедничкиот секретаријат и Телото за управување на ИНТЕРЕГ ИПА АДРИОН програмата ќе се одржи на 29 април 2025 год. На истиот ќе се промовираат клучни детали, технички насоки и практични совети за апликантите за подготовка и
поднесување предлози. Утринската сесија на настанот ќе се пренесува во живо, повеќе информации ќе следат.
Национален инфо ден за вториот повик во организација на Министерството за европски прашања ќе се одржи во втората половина на мај 2025 год., повеќе информации ќе следат.