Јавни повици
вторник, 19 март 2024 10:33
Повикот за поднесување предлог проекти со наслов „Следење, обновување и управување со природните ресурси во Преспа″ бр. EuropeAid/180814/DD/ACT/MK, програмиран во рамките на ИПА III Годишната акциска програма за 2021 г./Акција 05/„ЕУ за Преспа”, е објавен на 14 март 2024 година и е отворен за поднесување предлог проекти.
Целокупната акција „ЕУ за Преспа″ во Северна Македонија ќе го поддржи спроведувањето на Зелената агенда за Западен Балкан во прекуграничната област на Езеро Преспа, насочувајќи се кон столбовите на биодиверзитетот, нетоксична животна средина и зазеленување на земјоделството и локалните бизниси.
Општата цел пак на овој отворен повик за поднесување предлог проекти е да се подобри управувањето со природните ресурси во преспанскиот регион, додека специфична цел/и на повикот с/е да се подобрат истражувањето, едукацијата и конзерваторските напори во поглед на животната средина во преспанскиот регион.
Крајниот рок за поднесување концепт белешки за предлог проектите е 30 април 2024 г., до 16:00 ч.
Повикот заедно со сите документи кои потенцијалните подносители на предлог проекти е потребно да ги консултираат е објавен на следниот линк: EU Funding & Tenders Portal (europa.eu). Меѓу нив централен документ е документот насловен Упатство за подносителите, кој ги содржи сите неопходни информации во врска со повикот и за тоа како да се поднесе предлог проект.
Меѓу другото повикот содржи и покана од страна на Делегацијата на Европска унија во Република Северна Македонија до сите заинтересирани организации да присуствуваат на информативната сесија којашто ќе се одржи во вторник, 19 март 2024 г. со почеток во 11:00 ч., во просториите на зградата на Општина Ресен.
Целта на оваа информативна сесија е да им се овозможи на потенцијалните подносители да продискутираат за условите согласно овој повик како и да поставуваат прашања во поглед на правилата и постапките.
Сите заинтересирани за присуство на информативната сесија се замолуваат да ги преземат и прочитаат Упатството за подносителите и сите релевантни документи во врска со повикот достапни на EU Funding & Tenders Portal (europa.eu), и да подготват прашања и точки кои сметаат дека се нејасни, однапред, пред сесијата.