Јавни повици
среда, 21 февруари 2024 07:15
СЕП Ве информира за јавниот повик на ЦЕФ, во соработка со Adecco, кои оваа недела го отворија повикот за пријавување на програмата за државни службеници кои доаѓаат од Западен Балкан под наслов WeLead. Програмата е финансирана од ЕУ.
На следниот линк можете да ги најдете сите информации во однос на програмата https://www.adecco.si/en/welead/, партнерите во неа, процесот на апликација, распоредот на активности, условите/ профилот на државен службеник/службеничка и неопходните предуслови, од кои три се најбитни: одлично владеење на англискиот јазик, возрасната граница за апликантите е 35 години старост и информирање и добивање соодветни согласности во рамки на сопствената институција во однос на сите етапи и фази на оваа програма: WeLead Project - Adecco CEF.
За ваша информација:
- оваа програма се распишува еднаш годишно, а сега се отвора повикот за аплицирање на втората генерација учесници во истата,
- сите трошоци се опфатени покриени во однос на учеството на селектираните државни службеници,
- рокот за аплицирање е: 10.04.2024 г.
- програмата започнува со имплементација, по спроведувањето на процесот на селекција, на 02.07.2024 година, и истата ќе трае цела година.