Јавни повици
понеделник, 12 февруари 2024 10:15
На 16 јануари 2024 Европската Комисија ja промовираше Алијансата за критични лекови, вклучувајќи и Повик за изразување интерес. Повикот е отворен за сите заинтересирани чинители од индустријата и граѓанското општество – вклучително и за земјите од Западен Балкан – кои ќе имаат рок од еден месец да аплицираат.
Повеќе информации може да најдете на следниот линк European Critical Medicines Alliance - European Commission (europa.eu).
За позадински информации, може да се погледне Комуникацијата на Комисијата, усвоена во октомври 2023 година. Како што е наведено во Комуникацијата, ќе се воспостави и меѓународна мрежа за критични лекови, која ќе дејствува како форум за соработка на производителите и клучните земји потрошувачи за диверзификација на снабдувањето и подготвеност за кризни ситуации.
Дополнително, Комисијата планира да склучи стратешки партнерства со земји кои не се членки на ЕУ, насочени кон зајакнување на производството на критични лекови и активни фармацевтски состојки, приспособени на специфичните потенцијали на секој партнер.