Јавни повици
четврток, 11 јануари 2024 10:34
Новиот повик за воспоставување на мрежи за трансфер на иновации ќе биде отворен во периодот 10 јануари - 20 март 2024 год. (15:00 ч. по средно - европско време).
На повикот можат да се пријават градови и други релевантни партнери од Северна Македонија кои се заинтересирани за споделување на знаење и преносот на добри и иновативни практики, со што би се поттикнал интегриран и одржлив урбан развој, подобрување на политиките на градовите и ефективноста на политиката за кохезија. Мрежите за трансфер на иновации ќе се формираат согласно темите на проектите за урбани иновативни акции кои се поддржани од УРБАКТ програмата од 2016 до 2023 год. При тоа, градовите кои што спроведувале проект за урбани иновативни акции без исклучок ќе дејствуваат како водечки партнери во новите мрежи.
Детални информации за повикот, вклучувајќи и пристап до алатката за пребарување на проектни партнери се достапни на следниот линк https://urbact.eu/get-involved.
Дополнително, Секретаријатот на УРБАКТ IV програмата организира серија вебинари со цел презентирање на различните аспекти на повикот по следниот распоред:
1) 16 јануари, 10:00 - 11:00 ч.: Краток опис на повикот и неговите карактеристики
2) 23 јануари, 10:00 - 11:00 ч.: Како да изградите силно партнерство во мрежата за пренос на иновации
3) 6 февруари, 10:00 - 11:00 ч.: Размена и учење за времетраењето на мрежата
4) 7 март, 10:00 - 11:00 ч.: Време за поднесување на вашата апликација: технологија и справување со потешкотии
5) 14 март, 10: 00 - 11:00 ч.: Последна можност за справување со потешкотии
Учеството на вебинарите е отвоено за сите заинтересирани, со претходна регистрација преку следниот линк: https://us02web.zoom.us/j/82601108079.