Најави
среда, 28 јуни 2023 10:30
Денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ е во еднодневна посета на Кралството Данска, каде на покана на данскиот министерот за надворешни работи и поранешен премиер, Ларс Локе Расмусен, ќе учествува на конференција по повод 30-годишнината од Копенхашките критериуми.
Маричиќ ќе има обраќање во втората сесија насловена: „Моменталните земји кандидати: предизвици, можности и начини за напредување“ на панелот на тема: „Улогата на Копенхашките критериуми во реформските процеси на Западен Балкан“, а негови соговорници ќе бидат српската министерка за европски интеграции, Тања Мишчевиќ, заменик министерката на Албанија, Меги Фино и Михаела Матуела, директорката на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Комисија.
На маргините на конференцијата вицепремиерот Маричиќ ќе сретне со домаќинот, министерот за надворешни работи на Кралство Данска, Ларс Локе Расмусен, а потоа заминува за Берлин, каде заедно со премиерот Ковачевски и министерот за надворешни, Османи ќе остварат работната билатерална средба со германскиот канцелар, Олаф Шолц.