Најави
вторник, 30 мај 2023 09:53
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ е во дводневна посета на Брисел, каде продолжува билатералниот скрининг од Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“.
Денеска на билатералната скрининг агенда е Поглавјето 26, „Образование и култура“ и Поглавјето 20, на кое збор ќе земат и министерката за култура, Костадиновса Стојчевска и министерот за образование, Јетон Шаќири, а утре Поглавјето 20, „Претпријатија и индустриска политика“.
Во рамки на посетата покрај учеството на скрининг состаноците, вицепремиерот Маричиќ ќе оствари неколку средби во Европскиот Парламент со европратениците од група на прогресивна алијанса на социјалисти и демократи Тонино Пицула, Матјаж Немец, Андреас Шидер, европратеничка од група на Зелените, Тинеке Стрике и со европратникот од група Обновена Европа, Клемен Грошељ.