Најави
понеделник, 22 мај 2023 07:21
Секретаријатот за европски прашања ги најавува информативните сесии за презентација на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), организирана во рамки на проектот "Поддршка од ЕУ за спроведување на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион во Република Северна Македонија".
Информативните сесии ќе се одржат на:
05 јуни 2023 год., во Скопје (со почеток во 9:30 часот - ЦЕВ)
07 јуни 2023 год., во Тетово (со почеток во 9:30 часот - ЦЕВ).
ЕУСАИР е една од четирите макро-регионални стратегии, која е воспоставена во 2014 год., додека членството на Северна Македонија во Стратегијата започнува во 2020 год.
Општата цел на ЕУСАИР е да го промовира економскиот и социјалниот напредок и раст во Јадранско-јонскиот регион преку подобрување на неговата атрактивност, конкурентност и поврзаност. Земјите членки имаат за цел да создадат синергии и да ја поттикнат координацијата меѓу сите региони во Јадранско-јонската област во четирите тематски области/столбови на дејствување:
- Син раст,
- Поврзување на регионот,
- Квалитет на животна средина и
- Одржлив туризам.
Со оглед на нејзината структура, Стратегијата исто така придонесува и за понатамошна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
Информативните сесии ќе бидат организирани во осумте плански региони, со цел поблиско претставување на концептот на макро-регионална соработка, на предностите и придобивките од макро-регионалното организирање, и поконкретно на самата Стратегија на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион. Сесиите се наменети за сите чинители на локално ниво, како претставници на единиците на локалната самоуправа, бизнис секторот, образовните и истражувачки институции, граѓанскиот сектор и други јавни институции.
Регистрацијата на информативните сесии ќе биде отворена до 26.05.2023 год., преку двата линка подолу:
За во Скопје РЕГИСТРИРАЈ СЕ ТУКА!
За во Тетово РЕГИСТРИРАЈ СЕ ТУКА!
Aгендата и точната локација на настанот ќе бидат споделени со пријавените учесници.