Најави
вторник, 09 мај 2023 11:08
Започнувајќи од програмскиот период за 2021-2027 год., Република Северна Македонија доби можност да се приклучи во ИНТЕРЕГ ИПА АДРИОН програмата.
Главната цел на ИПА АДРИОН е да одговори на заедничките предизвици во Јадранско-јонскиот регион, како заштитата на биолошката разновидност, справување со климатските промени и одржлив транспорт. Во постигнување на истото, Програмата предвидува воведување и примена на иновативни модели и алатки, кои дејствуваат како клучен инструмент за изнаоѓање на заеднички решенија, со што регионот постепено ќе постигне повисоко ниво на отпорност кон идните економски шокови.
Првиот повик за предлози за проекти во рамките на програмата ИПА АДРИОН беше отворен на 4 април и ќе биде затворен на 30 јуни 2023 год. во 13:00 часот.
Вкупниот буџет наменет за овој повик изнесува околу 65 милиони евра ЕУ средства. Максималниот буџет по проект изнесува 1,5 милион евра ЕУ средства, додека времетраењето на проектите е ограничено на 36 месеци.
Повикот ќе ги опфати сите три приоритети на Програмата, и тоа:
Повеќе информации за повикот се достапни на следниот линк: https://www.adrioninterreg.eu/index.php/call-for-proposals/ipa-adrion-first-call-for-proposals/
По повод објавувањето на првиот повик, Секретаријатот за европски прашања во соработка со Заедничкиот секретаријат на ИПА АДРИОН програмата организира информативен ден на 18 мај 2023 год. со почеток во 09.00 часот.
Вашето учество на информативниот ден можете да го пријавите најдоцна до 12 мај 2023 год. до крајот на работното време на следната адреса: Semir.Veli@sep.gov.mk.
Форматот на присуство е по 1 претставник од секој потенцијален корисник.
Агендата за состанокот, вклучувајќи ја и локација на одржување на истиот ќе бидат навремено споделени со регистрираните учесници.