Најави
четврток, 30 март 2023 11:00
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ од денеска е во дводневна официјална посета на Кралството Шведска, на покана на неговиот хомолог Росвал.
Маричиќ во Стокхолм покрај средбата со министерката за европски прашања Јесика Росвал, ќе има состанок и со нејзиниот државен секретар, Кристијан Даниелсон, со заменик претседавачката на Комитетот за ЕУ прашања во Риксдагот, Матилда Еркранс и пратеникот во Шведскиот парламент, Аднан Дибрани.
Разговорите на средбите ќе бидат со фокус наевропската перспектива на Северна Македонија, актуелните домашни теми, реформите, текот на процесот на преговори со ЕУ, билатералните односи и развојната помош, како и приоритетите на шведското претседателство со Советот на ЕУ.
Во рамки на посетата вицепремиерот за европски прашања ќе се сретне и со генералниот секретар на Меѓународниот институт за демократија и изборна помош, Кевин Касас-Замора и со Заменик генералниот директор и директор на Одделот за Јужна Америка и Европа на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Лиза Фредриксон, информираат од Секретаријатот за европски прашања.
Посетата Маричиќ ја реализира за време Шведското претседателство со Советот на Европската унија.