Јавни повици
петок, 20 јануари 2023 01:53
Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EU Strategy for the Adriatic and Ionian Region - EUSAIR) е макро-регионална стратегија воспоставена во 2014 година. Таа е една од четирите макро-регионални стратегии на ЕУ. Општата цел на EUSAIR е да го промовира економскиот и социјалниот напредок и раст во Јадранско-јонскиот регион преку подобрување на неговата атрактивност, конкурентност и поврзаност. Со оглед на нејзината структура, Стратегијата исто така придонесува и за понатамошна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
Макро-регионалната соработка како таква, е пример за управување на повеќе нивоа и истата се карактеризира со активно вклучување на бројни чинители. Ова подразбира вклученост не само на чинители од централната власт, но и на претставници на локалната власт, граѓанскиот сектор, академската и бизнис заедницата. Важно е да се спомене дека макро-регионалното организирање е понова форма на соработка во рамки на Европската унија, а особено ново за нашата земја.
Со цел поблиско претставување на овој концепт, на предностите и придобивките од макро-регионалното организирање, и поконкретно на самата Стратегија на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион, Секретаријатот за европски прашања го објавува овој тендер за видливост и комуникација на проектот „Поддршка на ЕУ за имплементација на ЕУ стратегијата за Јадранско јонскиот регион во Р.С. Македонија“
Поканата за тендерот и сите детални документи неопходни за аплицирање се во прилог.