Јавни повици
вторник, 10 јануари 2023 11:38
Секретаријатот за европски прашања го најавува отворањето на првиот повик за воспоставување на мрежи за планирање на акции во рамки на Интерег УРБАКТ IV програмата.
Целна група на овој повик се првенствено градските администрации, кои се заинтересирани за поврзување и соработка со други европски градови во развивање и спроведување на Интегрирани акциски планови како одговор на локалните предизвици.
Градовите од земјите-членки на Европската унија, земјите-партнери Норвешка и Швајцарија, како и за земјите-кориснички на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија можат да аплицираат за средства за нивното учество во мрежите за планирање на акции.
Повеќе информации за повикот, пристап до платформата за пребарување на партнери и објавување на проектните идеи, како и до најавените информативни сесии може да се најдат на следниот линк:https://urbact.eu/get-involved
Повикот ќе биде отворен до 31 март 2023 год., 15.00 ч. ЦЕВ.