Најави
четврток, 17 ноември 2022 08:25
По повод добиениот Извештај за напредокот од страна на Европската Комисија, кој е прв по отпочнувањето на преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ, Секретаријатот за европски прашања со поддршка преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ кој го спроведува Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги УНОПС, организира серија панел дискусии под слоганот: „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!“.
Денес ја отвораме втората панел дискусија за Кластерите 4 и 5, односно „Зелена агенда и одржлива повраност“ и „Ресурси, земјоделство и кохезија“. Панелистите ќе имаат можност да дадат осврт секој од својата област на тема „Зелена агенда-Обновливи ресурси, македонска храна, европски пазари“.
На дискусијата ќе се говори за напредокот кој е постигнат, како и за надминување на нотираните слабости во насока на хармонизација и усвојување на европското законодавство, свесни за фактот дека полноправното членство во Европската Унија ни е од недвосмислен интерес и дека треба да се работи заеднички за надминување на предизвиците.
Следниот месец ќе следи и третиот настан за Кластерите 2 и 3, односно „Внатрешен пазар“ и „Конкурентност и инклузивен раст“.
Денешната панел дискусија ќе се одржи во хотел Лимак со почеток од 10.30 часот