Најави
петок, 14 октомври 2022 09:17
По повод добиениот Извештај за напредокот од страна на Европската Комисија, кој е прв по отпочнувањето на преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ, Секретаријатот за европски прашања со поддршка преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ кој го спроведува Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги УНОПС, ќе организира серија панел дискусии под слоганот: „На европскиот пат: Нови рформи, нови можности!“.
На дискусијата ќе се говори за напредокот кој е постигнат, како и за надминување на нотираните слабости во насока на хармонизација и усвојување на европското законодавство, свесни за фактот дека полноправното членство во Европската Унија ни е од недвосмислен интерес и дека треба да се работи заеднички за надминување на предизвиците.
Во следните недели ќе следат уште два настани за останатите кластери.