Најави
вторник, 14 јуни 2022 08:30
На 14 и 15 јуни во х. Алекандар Палас ќе се одвива ТАИЕКС работилница за поддршка на локалната самоуправа на тема „Управување со отпад и развој на локалната економија“, на која се очекува да учествуваат повеќе од 100 учесници.
Целта на работилницата е да ги сподели политичките иницијативи на ЕУ и практичните мерки за нивно претворање во практични мерки за развој на оддржлива економија, ниска карбонска стапка, ефикасно искористување на ресурсите и компетитивност на локалната економија, а сето тоа во рамките на Зелената зделка (Green Deal).
На настанот ќе се обратат градоначалничката на град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска, Заменикот на министерот за локална самоуправа, г. Зоран Димитровски, Раководителот на соработка на Делегацијата на ЕУ во земјава, г. Стефен Худолин, и претставникот на ТАИЕКС инструментот за поддршка на локалната самоуправа, г. Николас Домингез-Мендоза. Работилницата се одвива во соработката меѓу ТАИЕКС инструментот за поддршка на локалната самоуправа, Скопскиот плански регион и Секретаријатот за европски прашања. Темите опфатени со работилницата кои се однесуваат на работата на локалната самоуправа се: Управување со отпад, кружна економија (circular economy), Зелена зделка (Green Deal), обврски на производителите, и неколку студии на случај. Ќе се обратат неколку домашни и 11 странски експерти (најголем дел онлајн), а од С. Македонија ќе бидат прикажани успешните приказни од страна на претставници Пакомак и претставници од јавното комунално претпријатие “Комуналец„ од Прилеп.
ТАИЕКС инструментот минатата година прослави 25 години од своето постоење. Тој се смета за најуспешен инструменти на ЕУ кој ги приближува практиките од земјите членки на ЕУ и оние земји кои аспирираат или се кандидати за членство во ЕУ. Облиците на соработка кои се нудат преку ТАИЕКС инструментот се работилници, експертиза и студиски патувања со цел трансфер на ноу-хау, добри искуства, знаење и практика од земјите членки на ЕУ, а самиот инструмент за целна група за администрацијата на централно ниво во земјите аспиранти и кандидати.
Од минатата година започна со работа во својата првична тест фаза инструментот ТАИЕКС – поддршка за локалната самоуправа (TAIEX LTA) со кој се опфаќа локалната самоуправа, градот Скопје и единиците на локалната самоуправа, а работи по пат на поднесување на апликации за законодавна, институционална или експертска помош.