Новости
понеделник, 13 јуни 2022 11:16
Првата земја од Западен Балкан која ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација е Република Северна Македонија во 2001 година истакна државната секретарка Дрита Абдиу Халили на средбата со Амбасадорот на Ирска Пол Мекгари) Paul McGarry, која денес се одржа во просториите на Секретаријатот за европски прашања.
Добро познатите факти како апликација за членство во 2004 година, стекнување на кандидатски статус во 2005 година и исполнување на сите критериумите за старт за преговори во 2009 година но и одлука за отворање на преговори за пристапување во март 2020 година се добро познати факти додаде таа кои само говорат за изгубеното време.
Во однос на билатералната соработка државната секретарка истакна дека ја препознаваме успешната соработка со Ирско-Даблинскиот институт за јавна администрација 2007-2010 година преку обуки, наменски обуки и практиканти и дека тоа беше еден од најуспешните проекти што сме ги имале во сферата на јавната администрација додаде таа, секако сличен тип на соработка и евентуална помош би била добродојдена.