Најави
четврток, 09 јуни 2022 09:01
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес, 9.6.2022 г., четврток, е во посета на општина Крушево, каде ќе има средба со градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски и заменик градоначалникот на општина Елбасан, Албанија, Артур Куни, по што ќе ја посетат локацијата каде ќе започне изградбата на паркинг кај полетувалиштето за параглајдинг, реализирана во рамки на проектот „Крушево и Елбасан – призната прекугранична туристичка дестинација“, дел од Програмата „Прекугранична соработа Република Северна Македонија – Република Албанија, Инструмент за претпристапна поддршка (ИПА 2) – 2018 – 2020“ во општина Крушево.
Вицепремиерот Маричиќ ќе учествува и на работилницата за подготовка на стратешки документ во рамки на истиот проект, каде ќе има и свое обраќање.
Изградбата на паркинг е потреба и барање на организаторите на меѓународните параглајдинг првенства и треба да обезбеди паркинг за возила на учесниците и публиката и со тоа да се избегне каква било опасност при движење во близина на полетувалиштето. Целосниот проект вреди 700 000 евра и вклучува повеќе инфраструктурни активности.