Новости
петок, 12 април 2013 13:25
Денес (12.04.2013) заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими оствари официјална средба со министерот за внатрешни работи на Република Финска г-ѓа Паиви Расанен, која е во официјална посета на Република Македонија.
На состанокот се разговараше за досегашната соработка помеѓу двете држави, како и за продлабочување и проширување на истата преку билатералната соработка и соработка во рамки на постоечките инструменти за претпристапна помош.
Заменик претседателот Бесими нагласувајќи дека Република Финска е еден од најпотенцијалните партнери за билатерална соработка, ја истакна важноста на поддршката која таа ја дава за Република Македонија на нејзиниот пат кон членството во ЕУ, и ја нагласи потребата за континуирана соработка и поддршка во делот на реформите преземени со цел пристапување на земјата во Унијата .
Бесими се заблагодари и за поддршката на Република Финска кон понатамошното исполнување на политичките критериуми кои претставуваат и дел од договорените приоритети во рамките на Пристапниот дијалог на високо ниво. Притоа нагласи дека е добредојдена секоја можна соработка во делот на актуелниот процес на длабинската анализа на степенот на усогласеност на националното законодавство со европското (self-screening)) којa се спроведува од страна на институциите ,пред се во дефинирањето на останатите цели на кои треба да се работи во насока на натамошно усогласување на политиките.