Јавни повици
среда, 30 март 2022 08:23
Министерството за европски интеграции на Република Србија, како договорен орган во соработка со Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија како оперативна структура на МК го објавуваат Повикот за изразување интерес заевалуација на предлог-проектите добиени во рамки на:
Вториот повик за предлози на проекти на Програмата за прекугранична соработка Србија – Северна Македонија 2016-2020 од Инструментот за претпристапна помош (ИПА II), алокации за 2018, 2019 и 2020 година (референца: EuropeAid/ 173818/ID/ACT/MULTI)
Рокот за доставување на документите е 05/04/2022 година, до 15:00 часот по средноевропско време.