Најави
среда, 23 март 2022 05:47
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ од денес престојува во дводневна работна посета на Брисел, како дел од македонската делегација предводена од премиерот Ковачевски.
Премиерот Димитар Ковачевски ќе присуствува на вонредниот самит на НАТО, закажан поради руската инвазија на Украина. Во придружба на премиерот, кој ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на шефови на држави и влади, се и министрите за надворешни работи, Бујар Османи, и за одбрана Славјанка Петровска.
Во рамки на посетата на Брисел предвидено е македонската делегација да оствари и неколку средби со високи претставници на Европската Унија.
Според најавите, украинскиот претседател Володимир Зеленски, преку видеоврска, ќе биде дел од самитот на НАТО. На самитот на НАТО ќе учествува и претседателот на САД, Џозеф Бајден, кој утре патува во Брисел.