Најави
четврток, 10 март 2022 08:40
Денес владината делегација составена од заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерoт за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерoт за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити и генералниот директор на Пошти на Северна Македонија, Јани Макрадули, патува за Софија каде треба да одржи состанок со своите бугарски колеги.
Работната група во изминатиот период имаше координативни состаноци на кои се разгледуваа можностите за интензивирање и зајакнување на практичната соработка во сфери кои се важни за граѓаните на двете држави и за темпото на реализација на европските реформи, како и за размена на искуства и добри практики значајни за евроинтеграцискиот процес.
За време на средбата ќе биде потпишан Mеморандум за разбирање за поштенска соработка меѓу Бугарски пошти ЕАД и АД „Пошта на Северна Македонија и двегодишна програма за спроведување на Договорот меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и води на Република Бугарија за соработка во областа на животна средина и заштита на водите, потпишан во 2019 година.