Почитувани,
Ве информираме дека заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денес (4.3.2022 г.) е во посета на општина Валандово.
Во рамки на посетата на општина Валандово, вицепремиерот Маричиќ ќе се сретне со градоначалникот на општината, г- дин Перо Костадинов, по што ќе посетат градинката Калинка и средното општинско училиште, кои се корисници на ИПА и имаат успешно реализирани проекти финансирани во рамки на прекуграничната соработка Северна Македонија- Грција, како и во рамки на програмата Еразмус +.
Планирани се изјави на Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ и градоначалникот Костадинов, пред просториите на детската градинка „Калинка“,
со почеток во 12:15 часот.
Со почит,
Секретаријат за европски прашања