Преговарачки поглавја
Поглавјето 3.31 Надворешна безбедносна и одбранбена политика се темели на потребата од зајакнување на способноста на ЕУ да делува во превенцијата на конфликти и управувањето со кризи преку развој на цивилни и воени вештини. Дополнително за да влијае на политиките со кои се крши меѓународното право или човековите права, или на политиките кои придонесуваат за непочитување на владеењето на правото или на демократските принципи, ЕУ во оваа област има развиено санкции од дипломатско-економска природа.