Преговарачки поглавја
Во областа на Поглавјето 3.30 Надворешни односи, политиките на ЕУ се насочени кон воспоставување на заедничката трговска политика на ЕУ, правилата кои се апликабилни во меѓународните трговски организации како Светската трговска организација и улогата на ЕУ во овие организации, почитување на трговските договори помеѓу ЕУ и трети земји, како и спроведување на европската развојна и хуманитарна политика кон земјите во развој. Горенаведените политики на ЕУ во оваа област се однесуваат на трговијата со стоки, услуги, комерцијалните аспекти на интелектуалната сопственост и странските директни инвестиции.