Преговарачки поглавја
Клучните ЕУ политики во Поглавјето 3.20 Претпријатија и индустриска политика се создавање на конкурентна економија т.е. придонес кон функционална пазарна економија. Клучни европски документи кои се следат во рамки на поглавјето се повеќе комуникации поврзани со индустриска политика, развој на мали и средни претпријатија, иновации и секторски политики. Во рамки на поглавјето се следи постоењето на економски политики кои се фокусирани и долгорочно придонесуваат кон поддршка на конкурентноста и развојот на приватниот сектор, подобрување на деловната и инвестиционата клима, регулаторни реформи, постоење на функционален дијалог со бизнис заедницата во развивањето и водењето на политиките, постојна институционална поставеност.