Преговарачки поглавја
Поглавјето 3.14 Транспортна политика ги покрива следните области: патен сообраќај, железнички сообраќај, внатрешен воден сообраќај, комбиниран сообраќај, воздушен сообраќај, морски сообраќај, државна помош и сателитска навигација.
Оваа област претставува збир на политики кои имаат за цел одржување на економијата на ЕУ преку изградба и одржување на модерна инфраструктурна мрежа, која ќе ги задоволи потребите за поголема мобилност и безбедност, а при тоа ќе промовира одржливост и дигитализација. Комплетирање на патната и железничката инфраструктура помеѓу земјите членки на ЕУ и останатите земји аспирантки за членство во ЕУ, отстранување на тесните грла, кои ќе придонесат за подобро функционирање на внатрешните пазари како и отстранување на техничките бариери. Овозможување на непречен транспорт на патници и стока, во насока на закрепнување и зајакнување на економијата на ЕУ.