Преговарачки поглавја
Поглавјето 3.12 Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика опфаќа збир на политики кои се директно насочени кон обезбедување на безбедна храна, од самиот почеток на нејзиното производство, па се’ до нејзиното консумирање или како што вели слоганот на ЕК „безбедна храна од нива до вилушка“. Во ова Поглавје се опфатени и ветеринарната и фитосанитарната политика, преку кои Европската Унија се грижи за здрави животни и растенија, кои се користат во секојдневната исхрана.