Преговарачки поглавја
Областите од Поглавјето 3.11 Земјоделство и рурален развој опфаќаат најголем дел од целосната легислатива во Европската Унија. Политиките на ЕУ во делот на земјоделството се насочени кон обезбедување на доволно храна за сите жители на ЕУ. Политиките во делот на руралниот развој се насочени кон обезбедување на развој на руралните средини, како и обезбедување на услови за развој, модернизација и зголемување на производството на храна.Овие политики се спроведуваат преку Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на Европската Унија. Поради важноста на областите кои се опфатени во неа, оваа политика се креира и спроведува од страна на Европската комисија, а не од земјите членки поединечно. Финансирањето на програмите кои се предвидени во ЗЗП се финансираат од заедничкиот буџет на ЕУ.