Преговарачки поглавја
Општите принципи кои го регулираат Поглавјето 3.05 Јавни набавки произлегуваат од договорите, како и од јуриспруденцијата на Европскиот суд на правдата, како што се транспарентност, еднаков третман, слободна конкуренција и недискриминација.
Покрај тоа, се применуваат специфични правила на ЕУ за координација на доделување на јавни договори за работи, услуги и стоки, за традиционални договорни субјекти и за специјални сектори. Законодавството исто така специфицира правила за постапките за преглед и достапноста на правните лекови. Потребни се специјализирани тела за нивно спроведување.
Координацијата на постапките за доделување на договори за јавна набавка од страна на договорни органи или субјекти во областа на одбраната и безбедноста е утврдено со Директива 2009/81/ЕЗ.