Преговарачки поглавја
Поглавјето 3.03 Право на основање и слобода на давање услуги ги покрива следните области: право на основање, слобода на давање прекугранични услуги, поштенски услуги и заемно признавање на професионални квалификации.
Оваа област претставува збир на политики кои што имаат за цел обезбедување на една од слободите на единствениот пазар на Европската Унија. Целите на ЕУ во делот на Право на основање и слобода на давање на услуги се овозможување на лица и компании да основаат агенции, филијали, подружници во друга земја членка под услови кои се утврдени за своите граѓани во соодветната земја. Слободното движење на услуги е централен елемент при европската интеграција на земјите. Многу важна директива во оваа област е Директивата за услуги, чија што цел е да се отстранат сите правни и административни бариери кои овозможуваат слободен тек на услугите на пазарите на ЕУ.