Новости
петок, 25 март 2016 16:51
Државниот Секретар на Секретаријатот за европски прашања г- ѓа Ана Блажеска учествуваше на вториот координативен состанок на донаторите за земјите од Западен Балкан кој се одржа во Сараево.
На состанокот учествуваа сите главни донатори кои се активни во земјите од Западен Балкан како и претставници од меѓународните организации и влади од регионот.
Овој координативен состанок го организираше Советот за регионална соработка со цел потенцирање на приоритетните проблеми со кои се соочуваат земјите од регионот.
Генералниот секретар на Советот за регионална соработка г- дин Горан Свилановиќ за време на состанокот истакна дека често се случува повеќе донатори да издвојат средства за иста област, додека другите области да останат потполно занемарени. Добро би било, посочи Свилановиќ кога би се успеало да се избегне тоа преклопување и кога донаторите подеднакво би ги подмирувале сите потреби на земјите од регионот.
Државниот секретар Блажеска укажа на промената во приоритетите на донаторите поради мигрантската криза и апелираше да не се запоставуваат претходно утврдените развојни приоритети поврзани со конкурентноста, растот и инфраструктурата на земјите од Југоисточна Европа.
Овој кординативен состанок претставува еден сегмент од активностите кој Советот за регионална соработка заедно со своите пратнери планира да ги реализира во иднина со цел спроведување на стратегијата “Југоисточна Европа 2020”.