Новости
четврток, 17 март 2016 16:07
Во рамките на Твининг проектот: “Понатамошно зајакнување на административните и организациските капацитети за процестот на Европска интеграција” финаснсиран од ИПА ТАИБ 2010 во тек се спроведува студиска посета на Државниот Секретар за европски прашања г-ѓа Ана Блажеска и дел од вработените од СЕП во Загреб, Република Хрватска.
Во текот на предавањата во министерството за надворешни работи на Република Хрватска вработените во Секретаријаттот за европски прашања имаа можност за разменуваат мислења и да се запознаат со работењето на најновата членка на Европската унија.
Во рамките на посетата Државниот Секретар, Ана Блажеска исто така имаше средба со г-ѓа Маја Бакран Маричиќ, помошник министер за европски прашања, амбасадорот на ЕУ во Хрватска, г. Бранко Баричевиќ, како и претставници на различни директорати во хрватското МНР.
На состаноците се дискутираше напредокот на Република Македонија во евроатлантскиот процес, како и актуелната состојба во однос на мигрантската криза. Исто така беа разменети идеи за продлабочување на сорасботката меѓу Република Македонија и Република Хрватска особено во однос на зајакнување на административните капацитети за процесот на Европската унија.