Новости
понеделник, 07 март 2016 16:36
Во Секретаријатот за европски прашања, денеска 7 март 2016 година, се одржа Програмска мисија за Инвестициска рамка за Западен Балкан за програмирање на 2016 година.
Своја презентација на состанокот имаше Раководителот на секторот од ДГ НЕАР, г. Волфганг Шлагер кој престојува на работна посета во Република Македонија и кој на состанокот имаше посебен осврт кон Повикот за кофинансирање на инфраструктурните проекти за Инвестициската рамка за западен Балкан (WBIF) за 2016 година.
Заменик претседателот на Владата за Европски прашања Фатмир Бесими ја поздрави заложбата и поддршката што ЕУ ја дава во насока на зајакнување на капацитетите на земјите од Западен Балкан со цел пристапување во Европска Унија.
Со цел транспарентно координирање на процесот, на состанокот присуствуваа претставници од Секторските работни групи како што се транспорт, енергетика, социјала и животна средина.
Претставникот од ДГ НЕАР Волфганг Шлагер меѓу другото додаде дека работните групи ја имаат поддршката на ЕК бидејќи Националниот Инвестициски Комитет претставува солидна рамка за реализација на проектите од Единствената Листа која произлезе од секторските работни групи, и истата е од големо значење за агендата за поврзување на Земјите од Западен Балкан