Новости
вторник, 01 март 2016 13:12
Секретаријатот за Европски прашања и Македонската Академија на науките и уметностите- МАНУ денес потпишаа Меморандум за соработка во интерес на забрзување на интеграцијата на Република Македонија во Европската унија. Воедно беше конституиран и Советот за евроинтеграции на МАНУ за унапредување на соработката меѓу двете институции во духот на доброто разбирање.
Меморандумот, кој го потпишаа Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими и Претседателот на МАНУ, акадeмик Таки Фити предвидува да се создаде платформа за креирање на синергија помеѓу научниот потенцијал, администрацијата и деловната заедница преку разни форми на соработка.
Со него се дефинираат областите и начинот на соработка во насока на искористување на расположивото знаење и искуство, научноистражувачките капацитети во сите области во кои постојат кадровски и други потенцијали што можат да бидат искористени за унапредување на меѓусебната соработка заради постигнување на заеднички цели и интереси.