Новости
понеделник, 29 февруари 2016 15:50
Денес, Секретаријатот за европски прашања ја одржа втората дебата од циклусот “ЕУ Ѕвезди” на тема: " Социјалните медиуми и слободата на изразувањето ", на која дебатираа студентите од ФОН –прв приватен универзитет во Скопје, во чии простории се одржа истата. Пред започнување на дебатата, на студентите им се обратија Вицепремиерот Бесими, Проректорот за меѓународна соработка проф. д-р Нано Ружин и генералниот менаџер м-р. Сефер Цаноски кои ја истакнаа улогата на дебатите во развојот на демократските општества.
Денешната дебата има за цел да го зголеми интересот и знаењето на младите лица за прашања и теми поврзани со ЕУ. Преку дебатите, СЕП цели кон овозможување на отворен форум за дебата помеѓу младите насочен кон охрабрување на критичното милење и поттикнување на култура каде на дебатата се гледа како демократски начин за надминување на разликите во мислењата.
Првата пилот дебата во рамките на иницијативата “ЕУ Ѕвезди” се оддржа во мај 2015 година. На денешната дебата од цилусот на дебати со студентите низ универзитетите во Република Македонија и претходеше дебатата со студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа и истиот ќе продолжи и понатаму во текот на годината со цел да се слуша гласот на младите како идни европски граѓани.
Дебатата е дел проектот на СЕП Младите за ЕУ.