Новости
петок, 26 февруари 2016 12:59
Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања, Амбасадорката на Франција, г-ѓа Лоренс Оер и Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, д-р Фатмир Бесими потпишаа писмо за соработка.
Со ова писмо ќе се зајакне техничката соработка која веќе постои меѓу двете земји, како начин за подобрување на реформскиот процес поврзан со интеграцијата на земјата во Европската унија.
Оваа соработка ги опфаќа присуството на францускиот експерт за европски прашања, г. Бертранд Милет во Секретаријатот за европски прашања и билатералната поддршка во понатамошното усогласување на националното законодавство со законодавството на Унијата, јакнење на институционалните капацитети, вклучувајќи ги ресорните министерства и управувањето на националните и регионалните ИПА фондови, со фокус на проектите за видливост, инфраструктура и интерконективност за целиот регион на Западен Балкан.
Оваа поддршка ќе биде наменета особено за Секретаријатот за европски прашања како институција за координација на процесот на интеграција во Европската унија, како и за министерствата задолжени за политиките со силно влијание на стапката на апсорпција на фондовите за претпристапна помош ( одржлив транспорт, животна средина, земјоделие).