Новости
понеделник, 15 февруари 2016 19:29
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими за време на неговата посета во Брисел, оствари средба со г-дин Мирослав Лајчак, Заменик Претседател на Владата и министер за надворешни и европски прашања на Република Словачка.
На средбата соговорниците разговараа за Итните реформски приоритети на Република Македонија во процесот на пристапување кон Европската унија, утврдени и со заклучоците на Советот на ЕУ, а посебно беше истакната и важноста на исполнувањето на обврските од политичкиот договор.
Во однос на актуелната состојба со мигрантите, вицепремиерот нагласи дека соработката во врска со мигрантската криза е од суштинско значење, бидејќи земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, се транзитни рути за мигрантите и затоа е потребна и поддршката од Европската Унија.
На крајот на средбата соговорниците се согласија за продлабочување на постоечките добри билатерални односи во насока на размена на искуствата и блиската соработка во области од взаемен интерес.