Новости
среда, 13 јануари 2016 14:47
Вицепремиерот за европски прашања во Владата на Република Македонија, денеска реализираше посета на Македонската академија на науки и уметности, при што имаше средба со Претседателот на МАНУ, Академик Таки Фити.
На средбата се разговараше околу можностите за продлабочување на соработката на Секретаријатот за европски прашања со МАНУ, по однос на процесот на интеграција на земјата во Европската унија, преку креирање на синергија на научниот потенцијал и искуство на МАНУ со институционалните и оперативни структури на државната администрација.
Беше взаемно констатирано дека процесот на европска интеграција е комплексен и долгорочен, при што е неопходно исцрпување на целокупниот научен и истражувачки капацитет кој го поседува МАНУ, а беше разговарано и за потенцијални конкретни заеднички активности за наредниот период.
Беше исто така договорено, соработката помеѓу МАНУ и СЕП да се одвива континуирано низ различни форми и на конкретни теми, соодветно на актуелните и долгорочните взаемни цели.